Мицкоски: Ја охрабрувам владата да го прифати нашето барање за нивелирање на платите согласно компетенциите и сложеноста на работните места
Апсолутно да, јас тоа го кажав и во неколку наврати. Ние како ВМРО-ДПМНЕ и јас лично апсолутно ги подржувам протестите на овие луѓе бидејќи тоа е само практично процес кој што следи на оној процес кој што го започна владата а тоа е зголемувањето на минималната плата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали ги поддржува протестите на синдикатите.
Мицкоски упати барање до владата на СДСМ да се издигне над ниските страсти и да ги прифати барањата на ВМРО-ДПМНЕ во собранието со кој што платите ќе бидат нивелирани согласно компетенциите и сложеноста на работните места, се со цел да се спречи незадоволството и кај синдикатите и кај вработените во образованието.
Ја охрабрувам владата еднаш да се издигне над ниските страсти и личните фрустрации да го поддржи барањето на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот, носењето на законот со кој што платите ќе бидат нивелирани согласно компетенциите и согласно сложеноста ан работните места и на тој начин ќе го спречи овој излив на незадоволство кај вработените и во синдикатите и помеѓу вработените во образованието. Така што еве ја охрабрувам владата да застане еднаш над своите партиски интереси и да го слушне гласот на работникот и гласот на народот, посочи Мицкоски.
Ново на Сител
-
Клековски: Лекови мора да има и ќе има за сите– имаме решение за проблемите во здравството
-
Истрага за две разбојништва извршени од 25-годишник во Скопје
-
ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци
-
Најмалку тројца загинати, стотици ранети во нови експлозии во Либан
-
Исчезнато 45-годишно лице со здравствени проблеми од скопска Кисела Вода
-
Ограбена спортска обложувалница во Чаир
-
Драчевчанец споделувал експлицитни содржини од неговата малолетна девојка
-
Малолетник нападнат од повеќе лица во средно училиште во Бутел