Мицкоски: Извозот во овој квартал се стабилизира, иако постои силен предизвик со кризата во автомобилската индустрија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција информираше дека се согласува оти нашата земја треба да има поголем извоз, отколку увоз. Но, напомена дека разлика меѓу извозот и увозот е намалена за три пати, посочувајќи дека конечно извозот бележи позитивна стапка.
-Ако се вратите неколку квартали наназад и ако се направи анализа ќе се види дека трипати е намалена таа разлика помеѓу извозот и увозот и конечно извозот бележи позитивна стапка, рече Мицкоски, во одговор на новинарско прашање.
Тој додаде дека извозот во овој квартал е стабилизиран и покрај тоа што има силен предизвик, а тоа е автомобилската индустрија и кризата којашто ја има зафатено оваа индустрија.
-Вие знаете дека години наназад нашиот извоз и привлекување на странските инвестиции генерално се темелеше на портфолиото „производство на производи“, коишто се користат и вградуваат во автомобилската индустрија. Сега ние почнуваме практично да правиме дивергирање на тоа портфолио во некои други области. Инаку, сето ова што вие го кажавте е така. Но, ако се споредува со кварталите од пред година дена или повеќе, ќе видите дека има огромен напредок. Затоа, реков ова е само почеток и она коешто мене ме охрабрува е позитивната бројка, којашто е кај индустриското производство, позитивната бројка кај преработувачката индустрија, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека има и намалувањето на невработеноста, во смисла на креирање на нови работни места за два квартали.
Тој истакна дека растот на Бруто домашниот производ (БДП) од меѓу три и четири проценти не е доволен и ако сакаме да имаме нешто поголем раст и тоа да се почувствува, ќе мора да се книжи растот, којшто би можел да биде меѓу четири до шест проценти на подолг рок.
- И тоа се стремиме како Влада да го направиме. Дали ќе успееме, времето ќе покаже. Нашата економија не зависи само од перформансите домашни, туку многу зависи и од перформансите надворешни. Имајќи во предвид дека ЕУ е 1,4, два и пол пати е поголем при овие услови навистина би рекол исклучок, а не правило, подвлече премиерот Мицкоски
Ново на Сител
-

40% од младите на 14 години веќе пушат, четири илјади пушачи годишно умираат во Македонија
-

Естонија соопшти дека руски граничари илегално влегле на нејзина територија
-

Хаос во албанскиот парламент, опозициските пратеници ја блокираа седницата
-

Кривична за 16-годишно момче од Крива Паланка за напад врз малолетник
-

Кумановец измамил две фамилии за 373 890 денари - им ветил летување во Турција
-

Акциска контрола во Тетово: Затекнати шест лица кои вршеле јавен превоз без лиценца
-

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри
-

Свечен прием за шампионите: Студенти на ФФОСЗ со светски и балкански медали во кик-бокс
