Мицкоски изрази сочувство до Хрватска и хрватскиот народ за жртвите од земјотресот
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ испрати телеграма со сочувство до Хрватска и хрватскиот народ за жртвите од земјотресот.
– Со големо жалење и тага ги примив потресните вести за катастрофата предизвикана од големиот земјотрес кој се случи во Загреб. Нашиот народ стои рамо до рамо со хрватскиот народ и воедно ја истакнуваме нашата безусловна поддршка. За македонскиот народ и Македонија ваквите природни катастрофи од овој обем не се непознати и токму поради тоа сме спремни да помогнеме на секаков начин, како партија ВМРО-ДПМНЕ, но пред се како луѓе.
Во овие тешки моменти за вашата земја, уште еднаш би сакал да изразам најдлабоко сочувство со хрватскиот народ и посакувам што побрзо опоравување на повредените и надминување на последиците од разорниот земјотрес, наведува Мицкоски во телеграмата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?