Мицкоски: Изборот на новиот шеф на JO е партиско – Политички договор на власта
Јавна тајна е дека изборот на новиот прв човек на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, според лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски, е уште еден партиско- политички договор во власта.
-Па јавна тајна е дека тоа претставува уште еден партиско- политички договор во власта, само исто така јавна тајна е дека таму имало две струи, едните за едниот, другите за друг, па победил овој и така натаму. Продолжува партизацијата затоа следната анкета нема да биде довербата во судството и обвинителството 8 проценти ќе биде еден, два или три проценти. Претпоставувам тоа се овие неколку фамилии кои што се денеска во власта и од ДУИ и од СДСМ, рече Мицкоски.
Тажно е, додаде тој, што се продолжува со партизирање на институциите што треба да бидат носители на правдата, обвинителството и судството, најавувајќи дека веднаш по промените „овој процес ќе биде ревидиран од страна на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат ослободени и обвинителството и судството од партиско -политички договори и партиско политички стеги“.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека