Мицкоски: Имаме над 27 проценти повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период лани
Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од откупот на земјоделски производи, кој како што истакна постојано се зголемува, бидејќи колку повеќе се произведува помалку ќе се увезува. Порастот на откупот, според него, исто така, е и показател на тоа дека за оваа Влада земјоделците се приоритет.
-Многу сум задоволен од откупот на земјоделски производи. Зошто? Затоа што во вториот квартал имаме околу 60-тина милиони евра повеќе споредено со она што беше во минатото. Имаме над 26 - 27 проценти повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период минатата година, кои што како количина се за седум отсто повеќе споредено со истиот период минатата година, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали е задоволен од извештајот на Државниот завод за статистика за откуп на земјоделски производи по увидот во градежни активности на државниот пат А2, обиколница „Крива Паланка“.
Земјоделците, додаде тој, се еден од приоритетите на оваа Влада.
-Тоа го покажавме изминатите 14 месеци, веќе е 15-тиот месец како што сме избрани како Влада и во таа насочка очекувам да продолжиме и во иднина, затоа што производството на храна ни е исклучително важно, бидејќи колку повеќе произведуваме, толку помалку увезуваме, рече премиерот.
Македонија, нагласи тој, во минатото беше позната како земја производител и извозник на храна, особено на земјоделски производи, така и ќе продолжиме во иднина, главен фокус во нашиот периметар да бидат земјодејците.
МИА
Ново на Сител
-
Приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол пред угостителски објект
-
Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола, нема опасност по објектите
-
Пронајдена дрога во дом на скопјанец, овозможил и друго лице да користи кокаин
-
Кај малолетник од Скопје пронајдени пиштол и куршуми
-
Николоски: Досега 34 километри од автопатот Кичево - Охрид се во активна употреба, двата аеродроми ќе бидат автопатски поврзани
-
Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје
-
Вашингтон се заканува со санкции, Колумбија уверува дека се бори против шверцот на кокаин
-
Украина соопшти дека го нападнала нафтоводот „Дружба“ во руската Брјанска област