Мицкоски: Има потреба од полициски час, само здрави луѓе може да ја кренат економијата
Во Дневникот на ТВ Сител лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека тој смета дека е неопходно воведување полициски час како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.
- Денеска политиките на Владата нѐ доведоа до бездна, или втора бездна. Ако воведеме полициски час тоа ќе се одрази негативно врз економијата, доколку нема полициски час, тогаш единственото нешто што ни останува е голем број на граѓани да ги загубат своите животи. Ако мене ме прашате – само здрави луѓе може да ја покренат економијата, рече Мицкоски, додавајќи дека потребно е да се спасат што е можно повеќе животи.
Опозицискиот лидер посочи дека се воведуваат парадоксални мерки, од една страна се воведува кризна состојба, а од друга страна се организираат предвремени локални избори во две општини.
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд