Мицкоски: Им честитам на МАНУ за одлуката да одбијат да го променат името
Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во Радио Лидер кажа дека им честита на МАНУ за одлуката да одбијат да го променат името.
-Апсолутно им честитам ја имаат нашата поддршка и како политичка партија и како пратеничка група во рамките на Парламентот. Се покажа дека пркост резултира со пораз на предавството и апсолутно им честитаме на тие академици кои што застанаа, тоа мнозинство иако морам да кажам дека има такви кои што не се достојни знаете да ја носат титулата академик кои што не ги сфатија потребите на овој народ,тоа го охрабри народот, кажаа Мицкоски.
Понатаму Мицкоски во врска со ова посочи дека чувствува едно освежување односно охрабрување дека не се сите бродови потонати.
-Јас вчера покрај се што се случуваше во државата чувствувам еден вид освежување, охрабрување дека навистина можело, дека не се сите бродови потонати и овие луѓе од Академијата ја имаат нашата поддршка. И како човек и како нивен колега ќе ги поддржам бидејќи доаѓам од таа академска средина, додаде тој
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
