Мицкоски и Нелоски се искачија на Водно, во 13 часот ќе маршираат во Кавадарци
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет на таа партија, Владимир Нелоски денеска се искачија на врвот на Водно, од каде порачаа дека денеска ќе маршираат и во Кавадарци.
-Пред 12 на Водно, по 12 на протест во Кавадарци, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на УМС, Нелоски на својот Фејсбук профил.
ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протестен марш во Кавадарци кој ќе стартува во 13 часот.
Протесниот марш ќе тргне од кај кружниот тек „Сашко Гешковски“ до спомен плочата и паметникот во Кавадарци посветен на формирањето на првиот комитет на ВМРО, после Солунскиот.
Свое обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
-Време е народот да си ја врати државата и да му каже едно големо НЕ на овој ненароден картел на власт. Одлична шанса сите сплотено на Заев да му кажеме дека Македонија ќе победи е денешниот протестен марш во Кавадарци кој ќе започне во 13 часот кај кружниот тек „Сашко Гешковски“ до спомен плочата и паметникот во Кавадарци посветен на формирањето на првиот комитет на ВМРО, после Солунскиот. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните да му кажат на Зоран Заев и СДСМ дека Македонија се буди и дека Македонија ќе победи, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува
-
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно
-
19-ти „Марш на ангелите“ за правда