Мицкоски: Го анализираме целото сценарио и ќе преземеме конкретни чекори
ВМРО-ДПМНЕ го анализира целокупното сценарио од завчерашниот ден кога во Собранието беше изгласан Законот за јазиците со што е прекршен Деловникот, законите и Уставот, изјави претседателот на партијата Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Алфа. Рече дека ги анализираат постапките на СДСМ и ДУИ од средата и од резултатите на анализата ќе преземат конкретни чекори.
- Првиот чекор ќе биде интерпелација за господинот Талат Џафери, кој ја узурпира функцијата претседател на Собранието на РМ. Вториот чекор е да се поднесе кривична пријава за сите оние кои беа соучесници во овој процес, но и оние што го почнаа, и потоа ќе следат други чекори против сите кои ќе се обидат да сторат било какво кривично дело, рече Мицкоски.
Смета дека претседателот Ѓорге Иванов постапил државнички и дека ВМРО-ДПМНЕ апсолутно стои зад одлуката на претседателот на државата дека ваков закон не заслужува потпис. - Овој закон нема и не смее да профункцинора зашто е донесен во недемократска и непроцедурална атмосфера и на насилен начин од парламентарното мнозинство, рече Мицкоски.
Истакна дека неговата партија се реструктурира и за краток период ќе се реорганизира, ќе застане цврсто на нозе и ќе тргне во, како што рече, „одлучуваки поход кон уривање на оваа ненародна власт предводена од Зоран Заев, а поддржана од Талат Џафери“.
За зачувување на државните и националните интереси планираат протести од мај на улиците низ Македонија и, рече, ВМРО-ДПМНЕ нема да се врати додека не победи на предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски