Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека европратениците треба да го поддржат амандманот во кој билатералните протоколи се исклучуваат како формален составен дел од преговарачката рамка со ЕУ.
-Ако сака Европа да го задржи својот кредибилитет, тоа треба да го направи, треба да ја исправи неправдата што и е нанесена на Македонија. Мислам дека тоа треба да се случи, европските пратеници треба да го поддржат и оној амандман во кој се нотираат придобивките и напредокот, но и оној дел во кој протоколите не се составен дел од преговарачката рамка. Ги охрабрувам и ги замолувам европратениците да се држат до европските вредности дефинирани од Шуман, Аденауер и Де Гаспери при формирањето на ЕУ, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Според него, за жал, некогаш вината треба да ја бараме и меѓу нас, зашто во минатото имавме политичари медиокритети кои им направија штета на граѓаните и државата.
-Но, затоа сега имаме генерација и тука и во Европскиот парламент која е подготвена таа штета да ја исправи, потенцира премиерот, одговорајќи на новинарски прашања.
Во врска со критиките од бугарските пратеници и претседателката Илијана Јотова за палењето на бугарските дипломатски возила во Скопје, Мицкоски уште еднаш повтори дека Владата најостро го осудува овој чин. Очекува, како што рече, и дека ќе биде расветлено се што е во позадина на овој случај.
-Владата го осуди тоа и веднаш го обезбеди лицето-сторител на овој кривично-правен чин. Трае распитот, одземени се и уредите за комуникација, да видиме дали и со кого имал комуникација, која е содржината. Распитот се уште трае. Не би брзал со какви било квалификации од страна на нашиот источен сосед, но најсилно го осудуваме како Влада и во рамки на законските ингеренции ќе постапиме, очекувам дека ќе биде расветлено се што е во позадина на овој случај, напомена Мицкоски посетата на реконструираната Општа Болница во Општина Струмица.
МИА
Ново на Сител
-

Teма на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
