Мицкоски: Долго време добивам информации за моја елиминација
Ова вечерва требаше да личи на меѓуетнички конфлит, а всушност е борба за гола власт. Подолго време добивам информации за моја елиминција од власта, но не придавав значење. Вечерва видовме две лица со огнено оружје. Мистериозно се појави група од 10 лица и испукаа истрелни, но за среќа не завршија кон граѓаните, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција во седиштето во партијата за инцидентот кај плоштадот „Скендербег“.
Мицкоски истакна дека „пиштолот од лицето е свртено кон народот“.
-Тој беше насочен за губење на нечиј невин човечки живот. Гледаме криминалци, хушкачи на власта кои одат против народот. Не кажувајте дека луѓето се припадници на една или друга партија. Една директна порака кон Албанците: Ова е заедничка борба за иднина, каква што била низ вековите и каква што ќе ја градиме понатаму. Порака до Македонците: Да останеме мирни и достоинствени, знаеме против што се бориме. Сакам да уверам дека продолжуваме утре во 19 часот, уште помасовно пред Владата, а јас заедно со вас ќе го предводам победничкиот марш, рече Мицкоски.
-Дали е член на партија или не, не ме интересира. И родена сестра ако ми е, ако сторила криминал треба да одговора. Овој човек стори криминал и треба да одговара, кажа Мицкоски за лицето што користеше пиштол.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното