Мицкоски: Додека Заев е на чело на државата, шансите за поместување кон позитивно се еднакви на нула

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од Босилово, заедно со кандидатот на партијата за општина Босилово Ристо Манчев порачаа дека преку овие избори ќе се одлучи колку народот сака промени.
-Овие избори се локални, но со едно посуштинско и подлабоко значење, бидејќи од вашиот избор, од вашата одлука зад параванот зависи колку сакате да се променат работите, наглсаи Мицкоски.
Според него, додека Заев е на чело на државата, шансите за поместување кон позитивно се еднакви на нула, додавајќи дека едно што е сигурно со него е тоа дека државата тоне и не создава иднина.
Кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ за општина Босилово, Манчев на митингот нагласи дека нуди програма која е остварлива со многу работа, според која ветува дека ќе ги реши проблемите со водоснабдување, дивите депонии и јавната хигиена, а земјоделците ќе му бидат приоритет.
-Доаѓа време на промени, доаѓа време на нова надеж, време на новата генерација политичари која ќе има последна можност да ја врати довербата, честа, достоинството и гордоста на македонскиот народ. Македонија мора да продолжи напред и да се развива, затоа што македонскиот народ тоа го бара и тоа го заслужува, порача Манчев од митингот.
Ново на Сител
-

Цената на горивата повторно драстично се покачи - Каква е состојбата на бензиските станици?
-

За ангажираните професионалци, 16 март 2025 ќе остане најтежок во нивната кариера
-

Разговор со градоначалникот Грозданов и директорката на болницата во Кочани, Паниќ-Мирчовска
-

Разговор со Томи Димитријев и Марко Димитријев - Support Kocani
-

Разговор со Томчо Стојанов, татко на Андреј кој загина во пожарот во „Пулс“
-

Настап кој заврши како трагедија - Кобната ноќ во Пулс
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

„Пулс“ во судница: Кој е виновен за трагедијата во Кочани?
