Мицкоски до Памер: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уставни измени под бугарски диктат
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски се сретна со новоименуваниот амбасадор на Австрија, Мартин Памер со кого разговараа за актуелната политичка и економска состојба и евроинтегративниот процес на државата.
Како што соопштија од партијата, од страна на Мицкоски било истакнато дека Владата на СДСМ и ДУИ на дневна основа се соочува со нов коруптивен скандал во кои се вмешани првите владини функционери, додека стандардот и домашниот буџет на граѓаните опаѓа и дека поради тоа се потреби брзи предвремени избори.
На средбата станало збор и за уставните измени при што од страна на ВМРО-ДПМНЕ било посочено дека остануваат на својот непроменет став дека нема да гласаат.
- Беше посочено дека бидејќи власта на СДСМ и ДУИ, нема 2/3 мнозинство, не ги става уставните измени на гласање и со тоа ги прекршува законските процедури и директно го крши Деловникот за работа на македонскиот Парламент. Ставот на партијата уште еднаш беше афирмиран од претседателот, дека никој од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уставни измени, бидејќи ова не е последното барање од Бугарија, како и дека билатералните односи не смеат да бидат дел од преговорите за членство на земјата во ЕУ, се наведува во соопштението.
На средбата, меѓу другото, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на Памер му посакал добредојде и успех во вршењето на функцијата амбасадор во земјава, а посебен акцент ставил на негувањето на пријателските односи меѓу двете држави, за што се заложиле за нивно натамошно продлабочување.
Ново на Сител
-
Сообраќајка на патот Струмица-Берово
-
Во Собранието седница за пратенички прашања
-
Ќе се носи одлука за избор на народен правобранител, ќе се распише и оглас за претседател на ДКСК
-
Канада планира да ја признае палестинската држава во септември
-
Вкупно 18 членки на ЕУ поднеле барање за исплата на средства од одбранбениот механизам САФЕ
-
Променливо облачно со локален пороен дожд
-
Посебен сообраќаен режим вечер во Скопје поради снимање филм
-
Клековски: За само една година направиме две промени во позитивната листа , го зголемивме и бројот на ин витро постапки од 3 на 6