Мицкоски: До конечната цел, членството во ЕУ ќе дојдеме со синергија на напорите за реформи и зачувувањето на достоинството на граѓаните
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен истакна дека е потребна синергија на напорите кои се вложуваат во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и реформите согласно европските стандарди од една страна и зачувувањето на гордоста и достоинството на граѓаните од друга страна.
Одговарајќи на новинарско прашање дели во ЕУ има расположение за планот за уставни измени со одложено дејство и дали би добиле некаква гаранција доколку тие се спроведат, дека нема да има нови барања од Бугарија, Мицкоски напомена дека само со таа синергија ќе се дојде до конечната цел а тоа е земјава да стане дел од европското семејство.
-Мислам претседателката беше многу јасна и прецизна на прес-конференцијата. Потребно е да работиме, потребно е да работиме напорно за да дојдеме до целта, а целта е регионот и ние бидеме дел од европското семејство и ЕУ. Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да ги споделуваме европските вредности. Ќе направиме се што е потребно од наша страна да ја доближиме ЕУ до граѓаните, нешто што претставува и задача наша, но и желба, бидејќи повеќе од 75 проценти од граѓаните иднината ја гледат токму како дел од европското семејство. Јас како прв човек на Владата, ќе продолжам да работам исклучиво во интерес на граѓаните и тоа што за нив претставува прв приоритет, а нивен прв приоритет е истовремено да живеат подобро, да владее правото, да се постигнуваат реформи, европските вредности да бидат дел од нашето секојдневние, но истовремено да бидат зачувани гордоста, достоинството, да не бидат понижени и да не бидат поразени. И мислам дека ако направиме една убава синергија, на сето ова за коешто зборував како одговор на вашето прашање, мислам дека ќе дојдеме до конечната цел, а конечната цел е да бидеме дел што е можно поскоро од европското семејство, нагласи Мицкоски.
Ново на Сител
-
Казнети 120 возачи вчера за брзо возење, 72 за возење без возачка дозвола
-
Обвинета медицинска сестра од Австралија, најдено видеово кое кажува дека нема да лекува Израелци и дека ќе ги „убие“
-
Мицкоски: Борис Трајковски ќе остане запаметен по својата посветеност, смиреност и решителност во најтешките моменти за државата
-
Полицијата пронашла 31 дете во куќа во Брчко, уапсени три лица за трговија со луѓе
-
Мицкоски во Неготино
-
Владата го усвои предлогот за разрешување на Коцевски
-
16-годишник од Куманово со „ауди“ удрил во бетонска ограда од куќа и се здобил со тешки телесни повреди
-
Не застанале на знак за сопирање од страна на полиција, и притоа фрлиле марихуана од возилото во движење, кривична за две лица