Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%

Со цел да се спречи драстичен скок на цените на горивата на македонските бензински станици, Владата денеска на вонредна седница донесе пакет мерки. По завршувањето на седницата, премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција ја соопшти одлуката со која државата ќе интервенира на пазарот на нафтени деривати.
Премиерот Мицкоски соопшти дека одлучиле да се намали данокот на додадена вредност од 18% на 10%.
„Со оваа мерка очекуваме цената на бензините да остане речиси непроменета, додека дизелот да поскапи за околу 3 до 3,5 денари по литар, наместо за повеќе од 10 денари“, изјави Мицкоски.
Според проценките, граѓаните со овие мерки би заштедиле околу 200.000 евра дневно, односно приближно 1,5 милиони евра неделно.
Главната цел е да се заштити стандардот на граѓаните во услови кога цените на светските берзи растат поради кризата на Блискиот Исток, потенцира премиерот.
„Ова е одлука со која директно го штитиме стандардот на граѓаните во услови на глобална енергетска криза“, нагласи Мицкоски, додавајќи дека земјава и понатаму има едни од најниските цени на горивата во регионот.
Ново на Сител
-

Подобра инфраструктура и решение за превозниците бараат германските компании кои работат кај нас
-

Филипче предупредува на недостиг на пари
-

Мицкоски тврди: Македонија економски лидер во регионот
-

По падот на Вучиќ - политички реакции во Македонија, проверки и апсења во Србија
-

Железничка несреќа во Шпанија, над 60 загинати
-

Приоритетен интернет и на преполни концерти
-

Денеска се избира наследникот на Ислам Абази
-

Почнува амандманската распава за ребалансот на Буџетот – поднесени над 120 амандмани
