Мицкоски: Чувствувам одговорност што застанав позади Данела Арсовска
– Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека чувствува одговорност бидејќи застанал позади градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која, според него, се покажала како слаб менаџер.
– Наместо тоа за што се боревме и наместо за тоа што беа нашите вредности, таа се залага за поинакви кои немаат врска со потребите на Скопје. Но, ќе направам се, ќе дадам се од себе, да ја исправам таа грешка и концептот „За модерно Скопје“ да заживее, изјави Мицкоски во интервју за националниот ТВ сервис.
Тој обвини дека во Скопје функционира коалиција помеѓу Арсовска и СДСМ, која е „деструктивна за животот на Скопјани“.
– Коалицијата е се поочигледна и наместо да работат, тие се зафаќаат со растурање на пердуви и лаги, изјави Мицкоски, обвинувајќи дека Арсовска и СДСМ „седат во иста канцеларија, договараат стратегија да глумат дека се напаѓаат, а во исто време да работат за исти интереси“.
Во врска со нападите на Арсовска и искажаните ставови за од нејзина страна за закани, Мицкоски изјави дека е „згрозен и шокиран од таквите лаги“, обвинувајќи ја скопската градоначалничка дека наместо да работи за Скопје се фокусира на лаги.
– Жалам што направив погрешна проценка за карактерот на човекот кој го поддржав денеска да биде градоначалник на Скопје. Верував бидејќи препораките и биографијата беа солидни и до ден денеска верувам дека тогаш направивме вистински чекор, бидејќи направивме победник, но жалам што поддржав човек кој сега се фокусира на ниски страсти, лаги, конструкции поучен од не многу ликови кои се дел од нејзиното опкружување. Наместо да испорачува за Скопје, таа се фокусира да растура пердуви за мене и лаги и конструкции, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода скопјанец баран со потерница за затворска казна од една и пол година
-

Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје, нестабилно и во Полог и Овче Поле
-

ЦУК: Регистрирани пет пожари на отворен простор, еден сѐ уште активен
-

Сиљановска-Давкова и Бројер: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО, има простор за продлабочување на билатералната соработка
-

Мортус пијан тетовец со 2,49 промили алкохол сакал да ограби казино со нож
-

Мисајловски: Ги цениме германската поддршка и партнерство во развојот на нашата Армија
-

ЦУК: Активен пожар во кичевското село Србица, пожарот во селото Бајково во општина Ново Село под контрола
-

Платил 28.700 евра на лажен службеник за враќање на запленето злато, останал и без пари и без злато
