-->
-->
Мицкоски: Буџетот е предимензиониран, не соодветствува на реалната економска состојба
-->
„Буџетот е предимензиониран. Буџетот кој што деновиве еве во јавноста како информација се соопштува не соодвествува на реалната економска состојба на државата. Предимензионирани се расходите. И веќе во првата година практично Владата го крши она правило на буџетскиот дефицит кој што претходно со Законот за буџет го усвои Парламентот односно е поголем од 3% како што е таму дефинирано. Со тоа уште еднаш го покажуваат својот лажен карактер“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски од Прилеп.
Мицкоски додаде дека предложениот буџет е предимензиониран и не соодвествува со реалната економска состојба во државата.
„И она што исто така сакам да кажам е дека користат иста реченица односно исти два збора тоа е „златното правило“, познато како златно правило, минатата година истиот овој Бесими кога го најавуваше Буџетот за 2022 година ги користеше двата збора „златното правило“. Кога велиме двата збора „златното правило“ тогаш тој го поврзуваше со капитални инвестиции, и најпрвин најави рекордно ниво на капитални инвестиции околу 38 милијарди денари, за да со ребалансот ги намали на 32 милијарди денари. А, ако го видите пресекот на моменталната состојба на капиталните инвестиции ќе видите дека таа бројка е околу 14 милијарди денари. Значи тоа е невозможно сега тој за два месеци 18 милијарди денари да ги инвестира во капитални инвестиции“, појасни тој.
„Истото сега го најавуваат за догодина со истите зборови само сега тоа го прави Ковачевски, вели „златното правило“ при капиталните расходи и сега најавува не 32 милијарди денари, не 38 милијарди денари, туку 49 милијарди денари. Но, тоа е повторно уште една лага, истата манипулација како и минатата година. Треба да кажат јасно и гласно на граѓаните дека буџетот е наменет исклучиво за крадење бидејќи тоа е последната година, последните месеци од тоа да бидат тие власт во Македонија. Но, не треба да заборават дека следната Влада ќе повика на одговорност“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски рече дека власта ако мисли дека вакви рекордни расходи ќе ги крадат во договори и тендери со четири очи тука се лажат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Учениците од утре на настава - едносменска во 620 училишта
-

Големо намалување на цената на дизелот од полноќ, бензинот поскапува
-

51 инфлуенсер, луксузни хотели и забави: Ќерката на Орбан потрошила 8 милиони евра јавни пари за инфлуенсерска кампања
-

Бидете дел од новата сезона на Сител: Пријавете се за учество во „Се или Нешто“, „Брза Кујна“ или „Листа за 300“
-

ВМРО-ДПМНЕ воведува прв дигитален процес на зачленување
-

Од утре нови правила на Скопскиот аеродром: Само еднаш дневно ќе може бесплатно да влезете со автомобил
-

Вишото јавно обвинителство наложи продолжување на истрагата против Капушевски и Јахоски за случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра
-

3.000 евра казна за Србинот кој двапати возел над 160 км/ч кај Демир Капија
