Бизнис
5. April 2020 - 16:29

Мицкоски бара Владата веднаш да му помогне на стопанството

Економските мерки за спас на стопанството и натаму причина за партиски несогласувања. Власта тврди нивниот пакет за помош на фирмите и работниците чини 200 милиони евра, на опозицијата за 50% помалку. ВМРО ДПМНЕ пак со став дека ова  не е политички натпревар, туку дека епсидемијата ги загрозува здравјето и животите на граѓаните, нивната сигурност и нивната економска и социјална егзистенција.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ уште еднаш ги повтори предлозите на на партијата. Прво, парите кои се уплаќаат во вториот пензиски фонд, започнувајќи од први април да ги уплаќаат во државниот соцел да се обезбеди сигурна исплата на пензиите. Второ, благајничките записи кои што се стерилизирани во Народната банка, целосно или делумно веднаш да бидат пренесени и државата да ги запише во хартии во вредност или државни записи со што ќе се обезебедат 25 милијарди денари за македонското стопанство. Трето, да се интензивираат капиталните инвестиции. И четврто, да се преговара со актиелните заемодаватели на државата за репрограмирање на државните долгови.

Мицковски денеска уште рече дека се згрозил за тоа како се злоупотребува моќта на власта откако слушнал дека биле исплатени надоместоците на вработените во СЈО кои добле приоритет пред лекарите и  медицинскиот персонал.

Од СДСМ и денеска пак повотруваат дека мерките на Владата ќе помогнат на најмалку 250.000 работници и околу 35.000 компании, што е скоро 50% на регистрирани правни субјекти во приватниот сектор .

СДСМ оценува дека Владата спроведува сериозни мекри и чекори за справување со кризата, а опозицијата и Мицковски предлагаат модел кој ги поддржува подобро платените рабтни места и сака да им ги земе на граѓанте парите од вториот пензикси столб.