Мицкоски: Аферата „Броило“ е воено профитерство на Ковачевски
На денешната прес конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на аферата „Броило“ истакна дека аферата „Броило“ е воено профитерство на Ковачевски и е лош пример за сите во државата кои што имаат такви амбиции, затоа е потребно многу внимателно да се следи и од ДКСК.
„Па денеска гледам има став од антикорупциска комисија од претседателката ако не се лажам Билјана Ивановска дека таа не видела случај без да ја види претставката која што евентуално како политичка партија би ја поднеле до државната комисија за спречување на корупцијата, се надевам дека нема така експресно да делуваат како што тоа го направи денеска пред време на прашање на еден медиум, и се надевам дека многу сериозно ќе му пристапат на овој случај, затоа што многу внимателно ќе го следиме овој случај, многу внимателно ќе го следиме, бидејќи во услови на криза некој профитира на грбот на граѓаните, тоа на времето ги викаа воени профитери, народот едвај крај со крај врзува, од први до први, компаниите се борат едвај да опстанат а некој на грбот на народот профитира, тргува со влијание тоа не е добро, тоа е многу лошо и тоа е лош пример за сите во државата кои што имаат такви амбиции, затоа многу внимателно нека го гледаат и ние ќе го следиме внимателно овој процес“ истакна Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Претставничкиот дом на САД го отфрли предлогот на демократите за прекин на војната со Иран
-

Полицијата на Илиноис добила дојава за бомба во куќата на братот на папата Лав
-

Генерал Кејн: САД за три дена вратија 13 бродови кои се обидоа да ја пробијат блокадата на Ормуската Теснина
-

Војната во Иран ја турна инфлацијата во еврозоната на 2,6 отсто, највисоко ниво од јули 2024 година
-

Американската војска е подготвена да продолжи со борбите доколку Иран не се согласи со мировен договор
-

Трамп: Израел и Либан се согласија на десетдневен прекин на огнот
-

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк
-

Возач на камион под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета кај Солун
