Мицкоски: 2025-та ќе биде година на надеж, оптимизам, успеси и многу работа
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски со видеообраќање објавено на неговиот фејсбук-профил им ја честитка Новата 2025 година на граѓаните на Македонија.
Во обраќањето Мицкоски вели дека изминатата 2024-та била година на предизвици, но и на нови почетоци, а дека претстојната 2025-та „ќе биде година на раст, ред и интеграција“, вложување во економијата, инфраструктурата и образованието „со фокус на подобар живот за сите“.
-Почитувани граѓани на Македонија, драги мои сограѓани, драги пријатели, измина уште една година зад нас. 2024 година беше година на предизвици, но и на нови почетоци. Народот ја одбра иднината и ни даде мандат за промени. Наследивме држава во тешка состојба, но со труд и јасен план постигнавме раст од 3 проценти, зголемување на пензии и плати, нови инвестиции и проекти за подобрување на животот. Отворивме фронт против криминалот и корупцијата и ја поставивме основата за стабилен развој, вели меѓу другото Мицкоски.
Премиерот истакнува дека во 2025-та Владата ќе работи посветено и одгвоорно за поквалитетен живот на сите граѓани.
-2025-тата ќе биде година на надеж, оптимизам, успеси и многу работа. Ќе работиме напорно и посветено во 2025 година, за да успееме да ја изградиме Македонија каква што сите вие, граѓаните, ја посакувате и каква што сите ние заедно ја залужуваме. Македонија која ќе биде повторно ваша. Среќна и успешна Нова година, исполнета со здравје, среќа и многу љубов. Бог да ја благослови Македонија и нејзините граѓани, истакнува Мицкоски во новогодишното обраќање објавено на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на Трамп, бројни средби и денеска во Вашингтон
-
Изборот на Трамп ќе донесе економски придобивки за Западниот Балкан