Мицевски: Колега Скендер ајде заедно да ја урнеме криминалната и од народот делегитимирана влада
Колега Скендер ајде заедно да ја урнеме криминалната и од народот делегитимирана влада!
Откако во петокот јасно и недвосмислено 61 пратеник се потпишаа на иницијативата за недоверба на владата, хибридниот режим на власта започна со брутална кампања, со многу притисоци, закани и уцени да го гази човечкото достоинство и да го урива кредибилитетот на институцијата македонско собрание, стои во Фејсбук статусот на Никола Мицевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој го повика колегата Скендер Реџепи да го сочуваат достоинството на пратениците и заедно да стават крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим.
Согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ. Да нема изговори зошто се потпишал овој или оној бидејќи ова е гласање против хибридниот режим на СДСМ-ДУИ. Се надевам дека ќе застанете заедно со мнозинството на пратеници и ќе го сочуваме достоинството на пратеникот и угледот на македонското собрание.
Одлуката овој пат е многу поедноставна, овде не се гласа за идеологија, туку вистинското прашање дали ќе дозволиме да продолжи криминалот и корупцијата или заедно ќе ја реформираме нашата заедничка татковина, додава Мицевски во својата објава.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд наврна во Ѓуриште, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-
Нови руски напади со дронови врз Украина
-
Герасимовски за Сител: Нова градинка кај Клинички центар и дом за стари лица на Водно
-
Се интензивираат активностите на учесниците на Локалните избори 2025
-
21. „Бела ноќ“ во Скопје
-
Израелската Влада нареди запирање на офанзивните операции во Појасот Газа
-
Сообраќајот тековно, по влажни коловози
-
Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп