Мицевски: Ги повикуваме сите општествени чинители да го поддржат Референдумот

ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на ИК на партијата донесе одлука за отпочнување на постапка за организирање на задолжителен Референдум со цел поништување на договорот со Бугарија, кој е корен на сите негации на македонскиот јазик, идентитет и историја изминатиов период.
Ја повикуваме целата јавност, експертите, политичките партии, граѓанските организации, граѓаните во целост да се приклучат кон иницијативата и да го поддржат Референдумот.
Ги повикуваме СДС да не тактизираат со народната волја, и да покажат минимум демократски капацитет и да повикаат на излезност на Референдумот.
Оваа иницијатива за Референдум е целосно европска бидејќи се спротивставува на негаторските политики и постапки кои Бугарија ги насочува кон Македонија од аспект на јазикот, културата и идентитетот.
По спроведените детални консултации со експерти од областа на Уставното право, коалиционите партнери и телата на партијата донесена е одлука прашањето да гласи: Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?
Постапката ќе ја отпочнеме со собирање на 100 потписи за отпочнување на граѓанска иницијатива која ќе ја доставиме до Собранието, а со цел овозможување на постапка за собирање на 150 илјади потписи од страна на граѓаните на Македонија.
Сувереноста на државата произлегува од граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија го почитува и засекогаш ќе го применува тој принцип.
Овој Референдум е само можност за граѓаните да го кажат својот став.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група останува ист. Ние нема да прифатиме и поддржиме промена на Уставот, со цел бугаризација на Македонија.
Затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ останува на линија на одбрана на македонските национални интереси.
Ново на Сител
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
