Мицевски: Барањето за предвремени парламентарни избори е од граѓаните со кои сме секојдневно во комуникација
Има голем процент на разочарани граѓани кои што се разочарани токму од состојбата во која се наоѓаат. Во секојдневна комуникација сме со граѓаните и ги живеат овие тешки денови и слушаме од нас што бараат. Токму барањето за предвремени парламентарни избори е спас за националната катастрофа, смета координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија Сител во Тема на денот.
Тоа што го чувствуваат граѓаните во Штип, го чувствуваат граѓаните во Скопје, но и граѓаните во Мала Речица, Дебар, Куманово, ние работиме за сите граѓани, изјави тој.
Мицевски вели дека владејачкото мнозинство е махер за прекршување на Деловникот на Собранието, како и дека поради тоа што не можат да обезбедат кворум, СДСМ, ДУИ и останатите партии од владејачкото мнозинство сами себе се блокираат.
Владејачкото мнозинство е махер за злоупотреба на Деловникот, реагираме на дневна основа на тоа, и можам дека во текот н а денешниот ден повеќе од 10тина пати е прекршен истиот. Три часа денеска не работеа поради нивната неажурност и не обезбедување на кворум, повеќе од една третина од работното време, СДСМ, ДУИ и владејачкото мнозинство, само себе се блокира, вели Мицевски.
Мицевски додаде дека како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ поднеле барање до кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски за средба со членовите на комисијата за надворешни работи и другите заинтересирани пратеници, за лично тој ги избрифира за состојбата односно до каде се преговорите со Бугарија кои ги води министерот за надворешни работи Бујар Османи, посочувајќи дека биле известени дека се уште нема званичен документ.
Од кабинетот на премиерот Ковачевски добивме информација дека во моментот нема званчиен документ за кој што може да се разговара и да не брифира. И тука се различните информации кои што ги дава Ковачевски и Османи, кој што пак информираше дека имало прифатлив документ за македонската страна мислам дека беше 14 април, но бугарската страна тоа веднаш го отфрлила, рече Мицевски.
Ново на Сител
-

34-годишник физички ја нападнал сопругата и го искршил нејзиниот и телефонот на нивниот син
-

Уапсена скопјанка: Подолг период ја малтретирала 13-годишната ќерка и ја држела заклучена во соба
-

Детето со убод во срце во стабилна, но сѐ уште животозагрозувачка состојба
-

Путин: Постои можност за мировен договор за завршување на војната во Украина
-

Познат идентитетот на загинатиот на патот Охрид-Кичево: Животот го загуби младиот кошаркарски тренер Антонио Савески
-

Во дом на битолчанец пронајдени 42 пакувања со прашкаста материја
-

Мицкоски: Од ограбена држава клекната на колена, за три години направивме подобро место за живеење
-

Во заедничка акција згрижен повредениот пеликан во Дојран, си доби мандра за престој и редовен оброк | ФОТО
