Миа Тодорова во финалето на Светскиот куп, бронзи за Леков и Ризов
Миа Тодорова (-65 кг) во финалето ќе се бори против Србинката Валентина Кери на Светскиот кик бокс куп во Будимпешта, Унгарија, во лоу кик.
Филип Ризов и Иле Леков во полуфиналето беа поразени, па така освоија бронзени медали. Сепак, вели селекторот Дејан Митровски, и двајцата одлично се избориле
На СК настапуваат и Исмаел Туркер и Иван Кукуновски во лајт кик.
На СК има 1689 учесници од 45 држави од 288 клуба, односно 3084 натпреварувачи, бидејќи некои кикбоксери ќе настапуваат во повеќе дисциплини.
Резултати
лоу кик – сениори
-65 кг Миа Тодорова – Улијана Мишченко (Украина) 3-0 во полуфинале
Финале
Миа Тодорова – Валентина Кери (Србија)
-57 кг Филип Ризов – Данил Сурхалов (Украина) 0-3 во полуфинале
лоу кик – постари јуниори
-71 кг Иле Леков – Владисав Сидорчук (Полска) 0-3 во полуфинале
Ново на Сител
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала
-
Приведени две лица, одземено товарно возило, запленета стока | ФОТО