МИ6 никогаш не би го ангажирала Џејмс Бонд
Доколку Џејмс Бонд беше вистински лик од реалниот живот, тој никогаш не би бил ангажиран во британската служба за надворешно разузнавање МИ6, истакна денеска началникот на агенцијата Алекс Jaнгeр.
Тој наведува дека вистинските разузнавачи мора да исполнуваат строги морални, етички и физички норми. - Во таа смисла „агентот 007“, кои неретко има сериозни проблеми со моралот и личното поведение, не би бил примен во службата, вели Јангер.
- За разлика од Џејмс Бонд, агентите на МИ6 никогаш не прават компромиси со моралот. Слободно можам да кажам дека Џејмс Бонд не би го издржал нашиот процес за квалификување, изјави началникот на службата во интервју објавено на веб страницата „Блек Хистори Мант".
Јангер исто така вели и дека, макар што агентите на МИ6 во принцип имаат некои од квалитетите на Бонд, како што се патриотизмот, енергичноста и издржливоста, ним им се неопходни и други карактеристики, што херојот од романите на Иан Флеминг, едноставно ги нема.
- Вистинските разузнавачи во МИ6 имаат висок степен на емотивна интелигенција, ја ценат тимската работа и секогаш го почитуваат законот, за разлика од господин Бонд, истакна шефот на МИ6.
Ново на Сител
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат
-
Дали има етички пропуст на лекари за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце?
-
Преглед на вестите од светот
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари