Македонија
2. December 2015 - 11:21

МФ врати во стопанството 640 милиони денари на 1.273 фирми

Министерството за финансии вчера исплати 640 милиони денари по основ на поврат на данок на додадена вредност. Повратот е извршен на 1.273 фирми.

 
Од Министерството за финансии информираат дека исплата на поврат на ДДВ се врши редовно, како што доспеваат налозите за отплата.
 
Според Министерството за финансии, приоритет е уредното и навремено сервисирање на обврските.