МФ: Разликата меѓу средствата запишани и вратени во стопанството ќе обезбедат фискална сигурност по изборите

Дополнителниот заменик министер за финансии е запознаен - а тоа и јавно го потврди на заедничкото гостување со министерот Миноски на Телевизија Нова, дека разликата помеѓу средствата што ќе се запишат и вратат во стопанството ќе биде ставена на депозитна страна за следната година. На тој начин, првите месеци во постизборниот период се обезбедува простор за непречено финансирање на буџетските потреби и се обезбедува фискална сигурност, стои во реакцијата на Министерството за финансии на изјавата на дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов по повод денешната аукција на државни хартии од вредност.
Воедно, се посочува дека Наумов на гостувањето немал забелешки по овој став.
- Државните записи се најсигурни хартии од вредност на пазарот на капитал и затоа интересот на инвеститорите за нив е голем. Сепак во насока на водење на прудентна политика во однос на домашното задолжување Министерството за финансии откажа дури 7 аукции предвидени со календарот. Утре, Министерството за финансии во стопанството ќе врати 35,2 милиони евра по основ на доспеани државни хартии од вредност, се наведува во реакцијата од Министерството за финансии.
Ново на Сител
-

Насилство врз жените: Сериозни системски бариери до заштита и правда
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Владата е фокусирана на постепената интеграција паралелно со реформите за рамноправно членство во Унијата
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Шестмина уапсени под сомнение за тероризам
-

ЕУ подготвува акциски планови за членство за најперспективните кандидати
-

Силјановска: Европскиот процес го губи кредибилитетот
-

Дизелот поевтинува за 4 и пол денари откако Владата ја продолжи одлуката за намалено ДДВ
