МФ: ИПА средствата успешно се имплементираат во УЈП

Од Министерството за финансии денеска ги демантираат тврдењата на СДСМ дека твининг поради недостиг на посветеност во УЈП не бил имплементиран проект со шпанската даночна администрација за кои биле обезбедени средства од ИПА фондовите.
- Во рамки на проектот реновиран е Контакт центарот на Управата за јавни приходи, кој треба да се пушти во употреба во септември. Проектот се уште трае и треба да заврши во ноември кога се очекува негова успешна финализација. Проектот не само што се реализира успешно со тековните средства, туку постои можност за доделување на дополнителни средства со оглед на неговата успешна имплементација. Исто така, за овој проект доделени се и дополнителни средства од други донаторски агенции како Австриската развојна агенција што зборува за успехот на УЈП во реализација на проекто, се вели во реакцијата од Министерството за финансии.
Оттаму посочуваат дека е очигледно оти, како што велат, добрите партнерски односи со ММФ кои се манифестираат во повеќе сектори, меѓу кои и даночната администрација, се поводот за ваквите дезинформации на опозициската партија СДСМ, кои инаку веќе биле демантирани од страна Управата за јавни приходи.
- Партнерскиот однос и соработката со ММФ продолжува, а доказ за тоа е и проектот за модернизацијата на Управата за јавни приходи, се вели во реакцијата од Министерството за финансии.
Ново на Сител
-

Гаши: Неопходен е компромис за Бадентер, Собранието мора да се деблокира
-

Австрија, Чешка и Словачка ја засилуваат поддршката за европска интеграција на Западен Балкан
-

Деветти смртен случај од западнонилска треска во Македонија, на Инфективна почина 66 годишен кумановец
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
