МФ: Денешната аукција е редовна и со неа нема ново нето задолжување
Со денешната аукција на хартии од вредност Министерството за финансии ќе покрие стари долгови од претходно издадени државни хартии од вредност, кои доспеваат за исплата на 16 и 19 октомври, соопшти Министерството за финансии.
– Ова е редовна аукција, најавена во календарот објавен на веб-страната на Министерството за финансии и нема ново нето задолжување. Станува збор за презапишување на претходно издадени државни обврзници, од кои најголем дел се издадени пред пет години, стои во соопштението.
Во соопштението се додава дека во насока на стабилизирање на државниот долг, бројот на аукции сега е преполовен во однос на бројот на аукции на претходната Влада и е сведен на две месечно – пракса од која не се одстапува.
– Каматните стапки по кои се издаваат државните хартии од вредност сега се најниско историско ниво. Тие се неколкукратно пониски во однос на пред неколку години. И со оваа аукција тие се намалени за дополнителни 10 базни поени. Со ова се намалува трошокот на државата за сервисирање на долгот. Стариот долг со повисока каматна стапка се сервисира со значително пониска каматна стапка со денешната аукција на ДХВ.
– Што се однесува до висината на јавниот долг, на 31.12.2016 долгот изнесуваше 48,8 отсто од БДП додека на 30.06.2019 изнесува 46,7 отсто од БДП, стои во соопштението од Министерството за финансии.
Ново на Сител
-
Манасиевски: Кандидати за советници од СДСМ во Струмица крвнички тепаат странски државјани | ВИДЕО
-
М-НАВ: Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром
-
38-годишен маж пронајден мртов во својот дом во Кисела Вода
-
Прегазена 59-годишна жена во Кисела Вода
-
МВР со детали за пожарите кај Зелен пазар и Кисела Вода
-
Тихановскаја го предупредува Трамп да биде внимателен со Лукашенко
-
ЗОО Скопје: Ризикот од животинската туберкулоза за посетителите е многу низок
-
Приведен 31-годишен струмичанец за обид за разбојничка кражба со украдено возило од Неготино