Мето Јовановски Doctor Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности
Наставно-научниот совет на Универзитетот за аудиовизуелни уметности го прогласи Мето Јовановски, легендарното име на македонскиот театар и филм, за Doctor Honoris Causa.
Одлуката, како што се наведува, е поради неговиот уметнички опус, големиот број на национални и интернационални признанија, кои го издигнуваат на врвот на македонската култура.
Мето Јовановски ќе се вброи во плејадата на големите имиња како што се Јиржи Менцел, Шарл Азнавур, Маноел Де Оливеира, Жан Клод Кариер, Мики Манојловиќ, Александар Морфов, Абдулах Сидран и други.
Церемонијата на прогласување ќе се одржи на првиот академски час, на 15 септември годинава, со почеток во 11 часот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности. Предвидена е беседа на ректорот Јордан Плевнеш и филмски портрет за неговата уметничка Одисеја.
Ќе биде промовирана новата класа по актерска игра, која ќе ја води токму Мето Јовановски. Тој ќе го пренесе своето искуство и знаење на идните генерации македонски театарски и филмски актери.
Ново на Сител
-
СДСМ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?
-
Дождовите помогнаа, пожарите под контрола
-
Преглед на вестите од светот
-
Поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“
-
Охридско лето денес слави 65 години роденден
-
Зголемен интересот кај штипјани за имунизација со ХПВ вакцина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми