Метју Палмер во посета на Македонија
Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер денеска ќе престојува во посета на Македонија. Палмер ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претставници на политичките партии.
МНР соопшти дека на средбата со Димитров ќе се разговара за евроатлантските перспективи на Република Македонија, како и за актуелните политички состојби во земјата и во регионот.
Како што објави минатата недела Американската амбасада во Скопје, Палмер ќе разговара со македонскиот државен врв околу поддршката на САД за договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција, и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија.
Ова е втора посета на Палмер на земјава оваа година. Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, последен пат на средби со македонскиот државен врв беше во август годинава. /МИА
Ново на Сител
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки
-
Три недели по инцидентот со птичјиот грип, отворени вратите на зоолошката во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците