Метеороид прелета над САД со благ, но морничав татнеж
Над северната американска сојузна држава Вермонт во неделата приквечер е забележана огнена топка. Таа прелетала и над делови од Канада, со брзина од околу 67.000 километри на час.
Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА, т.е. огранокот „Метеор воч“ на Фејсбук објави дека околу 17:38 часот по локално време, околу стотина луѓе можеле да го видат метеоритот. Се работи за вселенско тело со маса од околу 10 килограми и широко шест сантиметри. Тоа е, всушност, метеороид кој влегол во атмосферата на Земјата. Кога тоа камче навлегува во атмосферата, остава многу јасна трага на светлост, па затоа е наречено огнена топка.
Сознанијата на НАСА говорат дека, многу веројатно, станува збор за карпа откршена од астероид.
„Веројатно постоело силна фрагментација на вселенска карпа, по што воздушниот притисок при експлозија или распаѓањето на астероидот го упатило тој дел од него кон Земјата. Бранот предизвикан од воздушниот притисок може да предизвика и помали потреси (на Земјата). Во основа, ние имавме, благодарение на Мајката Природа, убав мал огномет“, напишаа од агенцијата.
Жители на гратчето Бурлингтон изјавија дека почувствувале благ, но морничав татнеж.
Ново на Сител
-
Филков-Божовиќ: Северна Македонија и Црна Гора имаат многу сличности во процесот на реформи
-
Уставниот суд утре ќе одлучува дали Џафери го дискриминирал Апасиев
-
Објавен конкурсот за распределба на 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина
-
Рокас: Корупцијата е голем предизвик за земјата, потребна е забрзана промена за постигнување на реформите
-
Министерство за здравство: Се залагаме за брзо расчстување на случајот со земање мито
-
Кирков: Продолжува хоророт во скопската Зоолошка градина, погинаа две лами од редок вид
-
До средината на мај сите училишта во Кисела Вода ќе имаат фотоволтаици
-
Собраниската Комисија за здравство се сретнала со дел од членовите на Кризниот штаб за Кочани