-->
-->
Металург домаќин на Монпелје во дуел од Лигата на шампиони
-->
Македонскиот вицепрвак Металург го пречекува францускиот тим Монпелје во натпревар од 6.коло на ракометната Лига на шампиони.
Ова ќе биде вто дуел на овие две екипи, откако во првиот одигран пред седумнаесет дена француската екипа забележа убедлива победа со 1о гола разлика 28-18.
Дали избраниците на Лино Червар ја научиле лекцијата од првиот дуел во кој беа рамноправен противник само во првото полувреме, останува да се види.
Мечот, Металург – Монпелје кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ ќе започне од 18 часот и 15 минути, а е еден од четирите кои се играат денеска во Лигата на шампионите.
Во останатите средби денеска ќе се сретнат: Чеховски Медведи - Татран Прешов, Рајн-Некар - ППД Загреб и Кадетен Шафхаузен – Фленсбург.
Вчера во првиот натпревар од ова коло полската екипа Висла Плок забележа победа над германскиот тим Кил со 24-22.
Останатите натпревари од 6.коло на програмата се претстојниот викенд, а дербито на колото е во сабота (17:30 часот) кога во СЦ „Јане Сандански“ кај македонскиот шампион Вардар ќе гостува актуелниот европски првак Киелце.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање
-
Ибрахимовиќ: Се чувствувам поврзан со Милан и сакам да направам големи работи со овој тим
-
Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија