-->
-->
Металург домаќин на Извиѓач (СЕХА) и на Монпеље (ЛШ)
-->
Македонскиот ракометен вицепрвак Металург во следните три дена ќе одигра два натпревара, во вторник во Скопје во рамките на СЕХА лигата ќе гостува тимот на Извиѓач, а во четврток во рамките од Лигата на шампионите гостин е повеќекратниот франциски и поранешен европски шампион Монпеље.
Во таборот на Металург одржаа и прес конференција:
- Утре играме против Извиѓач, а по два дена и со Монпеље. Немаме многу време за тренинг. Имаат неколку одлични играчи (за Извиѓач), кои се високи. Играат остро во одбраната, а воедно се млада екипа. За нас е добро што се враќа Обрадовиќ, изјави тренерот на Металург Лино Червар.
Младиот голман на Металург Мартин Томовски истакна:
- Дуелот во вторник со Извиѓач е наш тест за тоа што ќе го играме Монпеље. Ќе направиме се за да постигнеме поволен резултат.
За натпреварот во четврток Червар истакна:
- Монпеље е клуб кој секогаш цели кон високите места на натпреварувањата. Морам да кажам дека знаеме каков тим ни доаѓа на гости. Ова е огромен предизвик за нашата млада екипа, да им пружиме силен отпор доколку бидеме претпазливи. Домашниот терен сигурно ќе ни биде предност (победа имаме над Ла Риоха). Мора да го извлечеме максимумот од себе и да бидеме рамноправен противник
Натпреварот Металург – Извиѓач се игра во вторник со почеток во 20:30 часот, додека дуелот Металург – Монпеље се игра во четврток во 18:45 часот. Двата натпревара се играат во „ВИП Арена“ во СЦ „Борис Трајковски“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено