Мета: За тензиите во Косово одговорен е Белград, но и премиерот Рама
Лидерот на Партијата на слободата Илир Мета, кој до 24 јули беше претседател на Албанија, коментирајќи ги случувањата на северот на Косово, рече дека главната одговорност е на Белград.
– Единствена закана за граѓаните на северно Косово се бандите кои таму вршат одредени активности. Одговорноста е на Белград кој ги одржува во живот и ги активира секогаш кога сака да создаде вештачки ситуации, оценува Мета.
Наведе дека за политиката на провокации на Србија е одговорен и албанскиот премиер Еди Рама, кој според него „ги поддржал обидите на Белград и овозможувајќи и доминација на Србија во регионот”.
-Орелот е извонреден симбол кој треба да не инспирира за одржливост, како народ и нација. Исто така и за волјата да се издигнеме до нови височини и да излеземе од калта на поделбите каде што другите не ставија. Ако Белград продолжи со политиката на постојана провокација, одговорен е и премиерот на Албанија, Еди Рама, кој го придружуваше Вучиќ во иницијативите за доминација на Србија во регионот, додава Мета.
Според него, честопати, нејаснотиите на официјална Тирана за некои прашања, не биле во интерес на зајакнувањето на позицијата на Косово, ставајќи го под непотребен притисок да се вклучи во Отворен Балкан.
– Има и други случаи со кои и се помагаше на Србија да изгледа како конструктивна земја, а да се направи Косово да изгледа како да е против разговорите. Србија ги искористи овие години за да добие што повеќе пари од ЕУ и да излезе од политиката на ЕУ, рече Мета за албанската државна телевизија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Над 720 милиони денари за инвестции во спортска инфраструктура
-
Арон Тејлор-Џонсон сè посериозен кандидат за улогата на „007“
-
Новозеландска пратеничка исфрлена од Парламентот заради говор за Газа
-
Рбјаков: Русија се надева дека средбата меѓу Путин и Трамп ќе ја поттикне нормализацијата на односите со САД
-
Маск најави тужба против Епл
-
ДЗР: Вештачката интелигенција е глобален приоритет, но сè уште нема законска рамка, национална стратегија, ниту институционална координација за нејзина примена
-
Активни пожари на грчките острови Закинтос и Кефалонија, како и во западниот дел на земјата
-
Орбан одби да го потпише писмото на ЕУ до Трамп: Доволно лошо е што Унијата е тргната настрана, полошо е да даваме инструкции од клупа