Мета: Пораките од Самитот во Словенија охрабрувачки
Денешните пораки од Самитот во Словенија се охрабрувачки. Економскиот инвестициски план и агендата за нови иновации треба максимално да се искористат за да закрепне економијата и да се спречи натамошната драматична депопулација на земјата, оценува во својата реакција на Фејсбук, албанскиот претседател Илир Мета.
– Европската перспектива на регионот се остварува преку кредибилни реформи, кои се засноваат на европските принципи и вредности на демократијата, перспективата на основните права и владеењето на правото. Благодарност за политичката поддршка и сеопфатната помош што Европската унија продолжува да ја дава на Албанија и целиот наш регион, како прв и природен економски партнер, останувајќи целосно усогласена со заедничката стратешка цел за проширување, стои во реакцијата на Мета.
Тој додава дека регионалната соработка треба да биде сеопфатна и фокусирана на спроведување на преземените обврски и оценува дека прекршувањето на овие обврски и парцелизирањето на регионот е „контрапродуктивно со многу повеќе бескорисни вештачки поделби и конфликти и е спротивно на европскиот пат на нашите земји“.
Како што јави дописничката на МИА од Тирана, друга порака од Мета е важноста од брз почеток на преговорите за членство со Албанија и Република Северна Македонија и визната либерализација за Косово, што е можно поскоро.
– Поздравувајќи го словенечкото претседавање со ЕУ и сите други земји – членки за одржувањето на овој специјален Самит за Западен Балкан, ја повторувам важноста од брз почеток на преговорите за членство со Албанија и Република Северна Македонија и визна либерализација за Косово, ветувања кои бараат итна имплементација, наведува Мета во реакцијата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука
-
Мицкоски: Разрешувањето на Коцевски ќе продолжи во ноември