Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, „воодушевен е од вчерашниот изборен резултат на ВМРО ДПМНЕ".
- Вчерашниот резултат во Македонија јасно покажа дека нивното враќање ќе му даде друга уште повисока димензија, на тој модел, кој и ние треба да го следиме прилагодувајќи го на нашите услови, оценил Мета, јави албанската АБЦ њуз.
Мета изразува убедување дека победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова, ќе биде уште поголема во вториот круг на 8 мај.
Според телевизијата, по примерот на случувањата во соседната држава, Илир Мета, кој подготвува реформирање на неговата партија, вели дека треба да се организира и Демократската партија на Албанија за возобновување, и да биде алтернатива на изборите во 2025 година.
-Промените ќе бидат многу брзи, промената ќе биде многу силна. Промената што се случи вчера во Македонија и која ќе биде уште поконкретна по наредните две недели, е јасна порака од народите од нашиот регион дека не прифаќаат депопулација и дефакторизација за мафијашки цели на кој било во светот, додал тој.
Ова не е првпат Мета за изборите отворено да ја каже поддршката за ВМРО - ДПМНЕ.
Преку објава на социјалните мрежи на 14 месецов изрази директна поддршка за ВМРО - ДПМНЕ и убеденост во победата на партијата на изборите.
-Очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори ќе даде нова димензија на економскиот развој на Северна Македонија во иднина од која бенефит ќе имаат сите нејзини граѓани. Земјата ќе продолжи безбедно да чекори по евроатлантскиот пат и повторно Албанците ќе бидат клучната гаранција за тоа, напиша меѓу другото во тогашната објава, постирајќи фотографија од средба со Христијан Мицкоски.
Мета шеф на државата беше од 2017 до 2022 година.
Ново на Сител
-
Генерален штрајк во Белгија
-
Рубио ја повикува Русија да ја прекине „бесмислената војна“ во Украина
-
Утрото свежо, а преку денот сончево и топло до 25 степени
-
Кардиналите во Ватикан разговараа за голем број прашања, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба во црквата
-
Мерц најави дека ќе го повика Трамп сите царини да ги сведе на нула
-
Санчез: Не може дефинитивно да се потврди поради што е прекинот на електричната енергија на Иберискиот Полуостров
-
ЈО: Ги повикуваме семејствата на настраданите во пожарот во Кочани на средба со обвинителите кои работат на случајот
-
Загина 75-годишен возач во сообраќајка во Чаир