Мета побара преземање неопходни мерки за зајакнување на одбранбените капацитети
Поради руско-украинската криза, албанскиот претседател Илир Мета, кој е и врховен командант на вооружените сили, остварил итна средба со министерот за одбрана Нико Пелеши и началникот на Генералштабот на вооружените сили, генерал-мајор Бајрам Бегај, на која побарал преземање „неопходни мерки за зајакнување на одбранбените капацитети на земјата“.
Како што пренесуваат од неговиот кабинет, на средбата била изразена заедничката загриженост со „сите партнери во НАТО за заканата од можна руска агресија врз Украина, што би било флагрантно кршење на меѓународното право“.
„Претседателот Мета ја подвлече важноста од ефикасна координација со Алијансата, како и преземање мерки за продолжување на реформите со цел дополнително зајакнување на нашите одбранбени способности. Во овој контекст, беше оценето исполнувањето и зајакнувањето на целиот команден синџир во вооружените сили, согласно системот на чинови и функција“, се наведува во соопштението.
Претходно, Мета изјави дека Албанија ја споделува загриженоста со сите партнери во НАТО за „ заканата од руска агресија врз пријателска, независна и суверена Украина“.
Деновиве на средбата со укранскиот амбасадор во Тирана, Мета изјави дека Албанија и како земја членка на НАТО и како непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации е на страната на Украина, во одбрана на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет.
Ново на Сител
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода