Мета оценува дека решението за формирање ЗСО се наоѓа во почитувањето на договорите од Брисел и Охрид
Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, смета дека во надминување на ситуацијата создадена меѓу Србија и Косово, Албанија може да помогне само преку директна и конструктивна комуникација меѓу институциите на Косово и премиерот Албин Курти.
Во реакцијата на социјалните мрежи во однос на проследувањето на Нацрт-документ од страна на премиерот Еди Рама до францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, Мета вели дека нема потреба од еднострани и нетранспарентни интервенции кои ја влошуваат ситуацијата, која изгледа деликатно.
-Албанската влада во никој случај не треба да зборува или да предлага политики што треба да се спроведуваат во рамките на Косово, без претходно да се консултира со премиерот и легитимните институции во Косово. Заедницата на српските општини е договор веќе прифатен од актуелната влада на Косово, а е загарантиран со договорите од Брисел и Охрид, реализиран со поддршка и преговори на Европската Унија и Соединетите американски држави. Решението како ќе се постигне формирањето на ЗСО се наоѓа во почитувањето на овие договори, пишува тој.
Мета додава дека Курти постојано покажува одговорност и непоколеблива волја за спроведување на Охридскиот договор, додека кај Вучиќ „такво нешто не сме виделе, напротив низа негови постапки го покажаа спротивното“.
-Господинот Рама, ако сакаше да игра улога, можеше да го стори тоа, не како патрон врз Косово, туку само со барање Белград да ги потпише договорите од Брисел и Охрид и нивното спроведување, признавањето на Косово од Србија и отстапувањето од стратегијата на континуирано затегнување на ситуацијата, наведува Мета, кому петгодишниоот претседателски мандат му заврши на 24 јули минатата година.
Ново на Сител
-
Планот за раст е алатка каде реформата значи награда, порача министерот Муцунски
-
Teма на денот со Орхан Муртезани, министер за европски прашања
-
Кос: Гаранција за македонските евроинтеграции е полноправното членство
-
Кос: Гаранција за македонските евроинтеграции е полноправното членство
-
Истражување на ИДУЕП: Младите се скептични дека Македонија ќе влезе во ЕУ
-
Предметот за пожарот во „Пулс“ вратен е во Кочани, од таму ќе биде испратен до Кривичниот суд во Скопје
-
Пожар во Кочани, изгореа 3 автобуси и комбе
-
Отворање две нови ленти за излез на граничниот премин „Богородица”