Мета: Нема решение без избори
Албанскиот претседател Илир Мета смета дека решението за политичката криза во земјата се избори.
Посочува дека нема демократија без избори и оти нерешавањето на кризата му служи на малцинството кое „ не сака отворање на преговори со Европската унија“
-Единствено решение се изборите. Без избори нема демократија. Без демократија нема независна правда. Без овие две нешта, нема права и економија за сите Албанци, ниту казна за политичарите. Нерешавањето на кризата му служи само на малцинството кое не ја признава ротацијата и не сака отворање на преговорите на Албанија со Европската унија, бидејќи постепено ќе ја изгуби својата незаконска политичка, економска и медиумска моќ. Доаѓа 18 октомври, напиша Мета на Фејсбук.
Претседателот Мета претходно, во неколку наврати, за излез од кризата предложи одржување на локалани, предвремени парламентарни, а ако е „тоа решение и претседателски избори“, на 13 октомври.
За овој датум, со уредбата од 27 јуни, Мета ги презакажа локалните избори, датум што не го признава владејачкото мнозинство предводено од социјалстите, и изборите ги спроведе на 30 јуни, врз основа на уредбата од декември минатата година.
Изјавата на Бала следуваше откако опозициската Демократската партија излезе со став дека единствен акт кој е во сила, според Уставот а во врска со локалните избори, е уредбата на Претседателот Илир Мета.
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски: Платите треба да растат колку и продуктивноста
-
Тема на денот со д-р Сашко Кедев, првиот Македонец на сите највисоки врвови
-
Нема договор за раст на минималната плата на 500 евра
-
Брн: Предолгиот и мачен пат на Македонија кон ЕУ мора да заврши, но нема напредок без внесување на Бугарите во Уставот
-
Анастрозол и летрозол за онколошки пациенти од понеделник во аптека со рецепт
-
По изгласаната недоверба, власта очекува оставка од Коцевски
-
Нема договор за раст на минималната плата на 500 евра
-
Парното со иста цена, водата со стари проблеми – РКЕ подготвува законски решенија