Мета: Избори без опозицијата би биле фарса

Лидерот на Социјалистичкото движење за интеграција (МСИ) и актуелен претседател на албанскиот парламент, Илир Мета, синоќа по седницата на партиското Претседателство, изјави дека неговата партија нема да учествува на престојните јунски парламентарни избори, доколку опозцијата одлучи да ги бојкотира.
Како што јави дописникот на МИА, тој посочи дека МСИ останува отворена за коалција со Социјалистичката партија (ПС) на албанскиот премиер Еди Рама, но нагласи дека „нема да биде дел од изборна фарса“.
- Бараме целосна реализација и транспарентност на процесот за лустрација. Спроведување на изборните реформи, услов кој се уште не е исполнет. Заради повисоки цели, Социјалстичкото движење за интеграција ги става сите мандати на пратениците, министерските и други функции на наши кадри на располагање на политичкото решение во замјата, иајави Мета.
Тој ги обвини премиерот Рама и лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша дека земјата ја втурнале во „многу опасна ситуација на политички конфликти“.
Според него, политичката реторика меѓу двете најголеми партии е агресивна и конфликтуална, поради што е потребен итен дијалог.
- Веруваме и се надеваме во ангажирањето на сите други страни, посебно премиерот Рама и лидерот на опозицијата Баша, во изнаоѓање решение земјата да оди во правец на демократски избори, да отиде чекор напред и да ги спроведе сите реформи, додаде Мета.
Седницата на Претседателството на МСИ следуваше по средба меѓу Мета и Рама, поради што изјавата на првиот човек на Парламентот, албанските медиуми ја оценија како „експлозија на бомба“.
Албанската опозиција се закани дека ќе ги бојкотира изборите предвидени за јуни годинава, доколку Владата предводена од ПС и МСИ не поднесе оставка и не биде формиран технички кабинет, кој би го спровел изборниот процес.
Ново на Сител
-

Над 60 ученици се фатени како препишувале на државната матура
-

Измените на Законот за трансплантација поминаа на Влада, во Собрание ќе биде доставен по скратена постапка
-

Преглед на вестите од светот
-

Тошковски: Се уште се непознати мотивите за палење на автомобилите на бугарската амбасада
-

СДСМ: Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите
-

60 матуранти фатени како препишуваат
-

Народната банка благо ја затегна монетарната политика и ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени
-

Од идната недела стартуваат мерките на Оперативниот план тежок 40 милиони евра
