Мета го предупреди Рама дека го чека горчлив крај
– Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, уште еднаш ги отфрли обвиненијата на Управата за досиеја, наведувајќи дека оваа институција се претворила во слеп инструмент на Рама, кој според него користи облици на поранешната албанска тајна служба, ШИК.
Оценува дека вестите дека негови блиски луѓе се под истрага на Специјалното јавно обвинителство за корупција и организиран криминал, СПАК, се произведени од режимот на премиерот Еди Рама.
Смета дека Рама е шпион, кого истовремено го предупредува дека го очекува горчлив крај.
Во врска со најавата на премиерот Рама дека во септември ќе ги донесе законските измени и ќе почне реверификација на досиејата од комунистичкиот период рече дека „нема никакво значење што ќе реверификува Рама”.
– Сите го знаат Еди Рама кој бил шпион на своите пријатели кога бил кошаркар. Дури и благодарение на шпионажата го ставија во репрезентација, тој не знаеше да даде кош, само фаули, излезе со пет лични грешки. Еди Рама се знае чиј син беше, се знае што одвратна раса претставува. Еди Рама го претставува најодвратниот од таа расÐ °, која наместо да бара прошка денес ги користи највалканите облици на поранешната Државна безбедност, луѓе кои биле поранешно обезбедување или поранешни соработници, за политичка добивка, обвини Мета.
Му порачува на Рама дека нема ништо да добие, освен горчлив, мизерен крај.
– Таа јама што се обидува да ја ископа за другите, бидете сигурни дека ќе се претвори во бездна со горчлив, мизерен крај за него, рече Мета.
Ново на Сител
-

Артан Груби и Перпарим Барјами прв пат заедно во судница – продолжува судењето за Лотарија
-

Во Прилеп одбележани 84 години од Дабничкиот масакр кога бугарскиот фашистички окупатор уби 18-мина кај с. Дабница
-

Младите недоволно се интересираат за сопствената историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
