Македонија
31. May 2023 - 16:31

Месиќ: Македонија одамна мораше да биде членка на ЕУ

Шефот на државата, Пендаровски и бившиот претседател на Хрватска, Месиќ со заедничка оценка, ЕУ да побрза со интеграција на регионот, инаку ќе го загуби своето влијание и атрактивноста за земјите кандидатки.

Согласни се дека оспорувањето на соседите и европоското молчење делува разочарувачки врз македонските граѓани.

Македонија одамна требаше да биде членка на Унијата, смета Месиќ. Тој повика од Урсула Фон Дер Лајен да направи се што треба да го приклучи регионот кон ЕУ.

Во рамките на енергетскиот форум Пенадаровски и Месиќ потенцираа дека малите земји не можат да влијаат врз глобалната свена самостојно туку само како дела од поголеми организации.

Претседателот посочи дека иако не сме членка на ЕУ, клучно е што како земја која зависи од увоз на енергија сме дел од паневропскиот енергетски пазар .