-->
-->
Меси: Секоја година имам можност да го променам клубот
-->
Капитенот на Барселона, Лионел Меси можел да го напушти каталонскиот клуб во 2014 година, поради проблеми со даночните власти.
– Тоа беше од причина што не беше поврзана со фудбалот. Поминав низ тежок период, но успеав да го надминам благодарение на поддршката на луѓето од клубот. Ова ми овозможи да продолжам да играм овде. Тогаш не се чувствував пријатно во Шпанија.
Постојано добивам понуди од други клубови. Секоја година имам можност да го сменам тимот. Неколку клубови ме чекаат, иако тие знаат што сакам. Ова е во случај еден ден да сакам да ја сменам ситуацијата, изјави Меси.
Аргентинецот пред три дена по шести пат ја освои„Златната топка“, награда која „Франс фудбал“ ја доделува на најдобриот фудбалер за годината што изминува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули