-->
-->
Меси и Нејмар подготвени за Ривер П.
-->

Лионел Меси и Нејмар ќе бидат подготвени за финалниот меч на клупскиот Мудијал во Јокохама, во кој Барселона за противник ќе го има Ривер Плејт. Меси полофиналето со Гвангжу го пропушти поради болки во бубрезите, а Нејмар се повреди непосредно пред доаѓањето во Јапонија.
Иако се шпекулираше дека двајцата напаѓачи нема да играат во финалето, радиото „Кадена КОПЕ“, тврди дека тие ќе бидат во составот за финалниот меч.
Аргентинецот по деталните прегледи добил дозвола да се врати на тренинзите, додека Нејмар беше во протоколот за мечот со Гвангжу, но не влезе во игра.
Во отсуство на Меси и Нејмар, во полуфиналето блескаше Луис Суарез кој со три гола го потопи азискиот шампион, со што стана првиот играч кој на клупскиот Мундијал постигнал ’хет трик’.
Финалниот натпревар меѓу Барселона и Ривер Плејт ќе се одигра в недела со почеток во 11:30 часот по средноевропско време.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
