Мештаните во страв, мечка уништи имот во Битуше
Неколку часа по полноќ мечка го уништила имотот на семејството Божиновски во село Битуше. Дивото животно во потрага по храна ја урнало бетонска ограда и направило огромна материјална штета, обидувајки се да го испразни пчеларникот уништила неколку пчелни семејства.
- Пчеларникот е на само неколку метри од куќата. Имаме поставено алармен систем и двојна ограда со бетонски столбови и табли од лим, но вакво нешто до сега не сме виделе, раскажува за Сител Боре Божиновски, сопственикот на имотот.
Од фотографиите кои ги испрати Божиновски може да се потврди штетат која ја направила мечката. Но, стравот кај Боре и неговите соседи е голем. Тие се исплашени дека во потрага по храна може да страда и локалното население. Мештаните апелрираат до институциите да ги преземат потребните мерки за заштита на населението во мавровскиот регион.
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро