Мерки на претпазливост за маж кој и се заканувал и се обидел да ја повреди сопругата
Мерки на претпазливост му се изречени на маж кој и се заканувал и се обидел да ја повреди сопругата пред двете малолетни деца.
Основното јавно обвинителство од Скопје денеска соопшти дека е поведена постапка против него за кривично дело „насилство“ и „загрозување на сигурноста“.
Осомничениот на 5 мај ја загрозил сигурноста на својата сопруга, така што при вербална расправија пред нивните две малолетни деца почнал да и се заканува, по што зел вазна која ја фрлил кон неа. Жената не била повредена, но исплашена за својата безбедност ги зела децата и заминала кај нејзината мајка.
Два дена подоцна, осомничениот со возило го пресретнал автомобилот во кој била жената и уште едно лице, започнал да ги навредува и да им се заканува, а потоа со нога, тупаници и предмети удирал повеќе пати во возилото. Со овие насилнички дејствија предизвикал чувство на несигурност и страв кај оштетените.
Сопред изречените мерки на претпазливост, осомничениот има забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на одредено службено лице, привремено му е одземена патната или друга исправа за преминување на државна граница и забрана за приближување или одржување контакти со оштетената.
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје