Мерки и активности за заштита од болеста „јазлеста кожа“ во Гевгелија
Спроведување на вакцинација на животните да продолжи, да се изолираат заболените животни и подрачјата на кои е појавена заразната болест „јазлеста кожа“ и да се преземаат соодветни мерки и активности за заштита на крупниот добиток, беше заклучено денеска на состанокот во Гевгелија кој се одржа меѓу претставниците на локалната самоуправа, државните органи и приватни субјекти.
Покрај ова, беше нагласено и итно да се спроведат мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација на загрозените подрачја и објекти со цел да се уништи изворот и пренесителот на заразната болест како и за едуцирање на населението со опасностите што му се закануваат, со начинот на однесување и мерките што треба да се преземаат за заштита и спасување на животните, сточната храна, водата и производите од животинско потекло.
На состанокот беше донесена и забрана за колење на животните во загрозените подрачја, освен со посебно одобрение од страна на ветеринар надлежен за тоа епизоолошко подрачје ако се работи за колење од нужда.
Вакцинирањето на животните на територијата на општина Гевгелија против заразната болест „јазлеста кожа“ се спроведува од страна на Агенцијата за храна и ветеринартво и екипи од приватни ветеринарни станици.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес
-
Тема на денот со Љузим Фаризи, политички аналитичар
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници