-->
-->
Меркел: Зголемувањето на бројот на новозаразени треба да не загрижи сите
-->
Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел рече дека е „многу загрижена“ за зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирус и хоспитализирањата и ги повика луѓето да не бидат невнимателни во пандемија.
– Тоа треба да нѐ загрижи сите. Но, фактот што, на пример, два или три милиони Германци над 60 години сè уште не се вакцинирани, ме растажува, бидејќи тоа би било промена за нив лично, но и за целото општество, изјави Меркел за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне сонтагсцајтунг”.
Германија не ја направи вакцината задолжителна за ниту една група, став што Меркел сè уште го дели.
Во однос на ограничувањата наметнати од Германија за време на пандемијата, Меркел рече дека „должност на државата е да го заштити здравјето на што е можно повеќе луѓе и да спречи пренатрупаност на болниците”.
– Се разбира, има многу простор да се разговара за оваа или онаа мерка, додаде Меркел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обид за убиство во Аеродром: Избоден скопјанец, еден од сторителите во бегство
-
Се скарале па го турнал по скали
-
Маж пронајден починат на паркинг во Центар, телото предадено на обдукција
-
Почина работник откако врз него паднал бетонски столб
-
Со скалпел го исекол на вратот и увото, обид за убиство на малолетник во тетовско
-
Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав
-
Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили
-
Во Кичево приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната