-->
-->
Меркел: Затворањето на балканската рута не го решава проблемот
-->

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди денеска дека затворањето на „западнобалканската рута“, која ја користат бегалците „нема да го реши проблемот“ и додаде дека тој чекор не е одржлив.
- Проблемот не се решава со преземање на еднострани одлуки, изјави Меркел.
Таа истакна дека доколку не се постигне договор со Турција, Грција нема да може на подолг период да го носи товарот на бегалската криза.
Министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл Лајтнер порача за „Велт“ дека балканската бегалска рута ќе остане трајно затворена, додавајќи дека само таков „конзистентен сигнал“ ќе ги одврати мигрантите од Турција да го преминуваат Медитеранот за да стигнат до брегот на Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
